Од полноќ возачите ќе плаќаат повисоки цени за горивата, иако на светските пазари беше забележан пад на цените на нафтените деривати. Причината е враќањето на редовните акцизи во пресметката на Регулаторната комисија за енергетика.
Новите цени се:
Еуросупер БС-95: 87,5 ден./литар (+1,5 денари)
Еуросупер БС-98: 90 ден./литар (+2 денари)
Еуродизел: 87,5 ден./литар (+0,5 денари)
Пониски цени ќе има кај екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

