HomeМКДРЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста покрај кадровски промени да има и прераспределба на ресорите во рамки на претстојната реконструкција на Владата, за која во тек се разговори со коалициските партнери.

Одговарајќи на новинарски прашања по учеството на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите, Мицкоски изјави дека се разгледува и опцијата за промена на ресорите.

Да, постои опција и за промена на ресори, и за тоа е разговарано“, изјави премиерот.

Тој посочи дека првата фаза од консултациите со коалициските партнери поминала во конструктивна атмосфера и изрази очекување дека разговорите ќе бидат финализирани во текот на неделава.

Во првите разговори можам да кажам дека преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тие да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња и со останати специфики“, рече Мицкоски.

Од Владата вчера соопштија дека првата фаза од консултациите меѓу коалициските партнери за претстојната реконструкција поминала во позитивна и конструктивна атмосфера. Според најавите, во првата половина од неделава треба да бидат утврдени конечните решенија и распределбата на позициите.

Во наредните денови се очекуваат финалните консултации, на кои ќе бидат разгледани и потврдени кадровските решенија, по што за време на викендот се очекува да биде заокружен процесот на реконструкција на Владата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО