Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера на 32. Сараевски филмски фестивал, каде беше прикажан во официјалната документарна конкуренција.
По проекцијата следуваше долга тишина, а потоа публиката со силен аплауз го поздрави филмот. Манчевски изјави дека во тишината се почувствувала целата тага од трагедијата во Кочани.
Филмот е снимен само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 млади луѓе. Со мала екипа и сопствени средства, режисерот ги забележал сведоштвата на преживеаните и на луѓето кои се обидувале да помогнат во спасувањето.
По премиерата се одржа разговор со публиката, на кој учествуваа Манчевски, директорот на фотографија Иван Ивановски и дел од преживеаните.
„Добри луѓе“ привлече внимание и кај повеќе странски и регионални медиуми. Манчевски вели дека целта му била да им даде глас на преживеаните и нивните сведоштва да останат запишани за идните генерации.
Филмот денеска ќе има уште една проекција во рамките на Сараевскиот филмски фестивал.

