Еден од најпознатите случаи поврзани со македонското револуционерно движење се случил на 21 август 1901 година. Четата на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирала американската мисионерка Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Цилка. Настанот предизвикал големо внимание во Европа и САД.

