HomeМКДАПЕЛАЦИЈА СТАВИ КРАЈ НА „ТАЛИР 2“

АПЕЛАЦИЈА СТАВИ КРАЈ НА „ТАЛИР 2“

По повеќегодишна судска постапка, предметот „Талир 2“ доби нов епилог. Апелациониот суд во Скопје ја потврдил одлуката со која поранешниот премиер Никола Груевски е ослободен од обвинението, а со тоа се отвора патот за враќање на имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше опфатен со судската постапка.

Апелациониот суд информира дека одлуката е донесена на 26 август 2026 година, откако бил разгледан предметот и жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство Скопје. Жалбата е оценета како неоснована, по што првостепената ослободителна пресуда е потврдена.

Во образложението на одлуката се наведува дека не биле презентирани доволно докази со кои би се потврдило дека Груевски, во својство на одговорно лице, ги прекршил законските правила за финансирање на политичките партии.

Судот оценил и дека обвинителството не успеало да докаже дека „ГП Бетон“ во моментот на склучувањето на договорите со партијата имал својство на субјект на кој му било забрането да донира средства на политичка партија.

Случајот претходно имаше поинаков тек. Во првостепената постапка, Груевски беше осуден на шест години затвор, додека Кирил Божиновски доби условна казна. Судот тогаш одлучи и за конфискација на имот поврзан со предметот.

Меѓу имотот опфатен со постапката беше и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“, чија вредност се проценува на околу 14 милиони евра, како и дополнителен имот со проценета вредност од околу два милиони евра.

Првостепената пресуда подоцна беше укината, а по преквалификацијата на обвинението судењето започна одново. Во меѓувреме, кривичното гонење против Божиновски за делото застаре.

Со најновата одлука на Апелациониот суд, ослободителната пресуда за Груевски останува во сила, а ВМРО-ДПМНЕ добива основ за враќање на имотот што беше опфатен со постапката.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО