HomeГЛОБУСЕКСПЛОЗИЈА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

ЕКСПЛОЗИЈА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Силенa експлозија утрово одекна во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин. Во инцидентот, според првични и сè уште непотврдени информации, загинал руски воен офицер, за кого се тврди дека бил полковник.

Експлозијата се случила на Ростовска улица во моментот кога возачот го стартувал автомобилот, кинески теренец „Geely“. Од силината на детонацијата биле оштетени делови од возилото, вклучително и хаубата, задниот браник и стаклата, додека остатоци биле расфрлани на десетици метри околу местото.

Според информациите што ги објавуваат локални медиуми и руски канали на „Телеграм“ поврзани со безбедносни структури, во автомобилот се наоѓале воен офицер и неговата сопруга.

Мажот им подлегнал на повредите на местото на настанот, додека жената била тешко повредена и пренесена во болница, каде што, според досегашните информации, се наоѓа на одделот за интензивна нега и е во критична состојба.

Информацијата дека загинатиот бил полковник ја пренесоа и неколку профили на социјалните мрежи, но неговиот идентитет засега не е официјално соопштен.

На местото на експлозијата веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и форензичари. Надлежните служби вршат увид и собираат докази за да се утврди што ја предизвикало детонацијата.

Засега нема официјална потврда дали станува збор за намерно поставена експлозивна направа, технички дефект или друга причина.

Руските власти сè уште не излегле со детално соопштение за случајот, ниту го потврдиле идентитетот и чинот на загинатиот офицер.

Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат откако надлежните органи ќе го завршат увидот на местото на експлозијата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО