HomeМКДСКОПЈЕ ЈА ПРАЗНУВА ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

СКОПЈЕ ЈА ПРАЗНУВА ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

Скопје денеска, 28 август, ја одбележува Голема Богородица, а центарот на празничните случувања е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Долна Матка, каде што се одржува манастирската слава.

Поради очекуваниот поголем број верници и посетители, покрај редовната автобуска линија 60, обезбеден е и дополнителен превоз. По потреба ќе сообраќа автобус до Полициската станица Матка, од каде што посетителите ќе можат да продолжат со минибус до најблиската достапна точка до манастирот.

Од манастирското сестринство ги повикаа верниците да се приклучат на празничното одбележување и заедничката молитва, упатувајќи порака за мир, љубов и благослов.

Празникот има и хуманитарен карактер. Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организира крводарителска акција во рамки на одбележувањето.

Акцијата денеска продолжува од 10 до 16 часот, а граѓаните се повикуваат да се вклучат и со доброволно дарување крв да помогнат некому на кого му е потребна.

Голема Богородица така и годинава се одбележува со вера, молитва и заедништво, но и со силна хуманитарна порака – секое дарување крв може да спаси човечки живот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО