HomeГЛОБУСВО ИТАЛИЈА 17 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА

ВО ИТАЛИЈА 17 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА

Здравствените власти во Италија годинава регистрирале 432 потврдени случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил, при што 17 лица починале. Вирусот се пренесува преку убоди од заразени комарци, а надлежните предупредуваат дека заразата и понатаму се шири.

Според податоците на италијанскиот Национален институт за здравство, смртноста кај пациентите со невроинвазивна форма на болеста годинава изнесува 7,2 отсто. Тоа е значително помалку во споредба со истиот период минатата година, кога од речиси ист број заболени – 430 – починале 27 лица.

Кај најголем дел од заразените инфекцијата поминува без симптоми. Околу 19 отсто од заразените може да развијат симптоми слични на грип, додека кај приближно еден отсто болеста може да предизвика сериозни невролошки компликации.

Вирусот најчесто се пренесува преку комарци кои се заразиле при убод на птици, кои се главен природен резервоар на вирусот. Освен кај луѓето, инфекцијата може да предизвика заболување и кај коњите.

Иако бројот на смртни случаи е помал од лани, здравствените власти продолжуваат внимателно да ја следат состојбата, особено во периодот на зголемена активност на комарците.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО