HomeГЛОБУСЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВСКАТА ОБЛАСТ

ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВСКАТА ОБЛАСТ

Серија руски напади со беспилотни летала ја погоди Киевската област, при што има загинат и повеќе повредени, а на неколку локации се регистрирани пожари и сериозна материјална штета.

Најтешко било во селото Мила, во Бучанскиот округ, каде што дрон погодил комплекс на компанија. По ударот избувнал голем пожар, а биле регистрирани и дополнителни експлозии. Шест лица биле повредени, додека 165 жители биле евакуирани од загрозеното подрачје.

Според првичните податоци на украинските власти, во нападите на 28 август во Киевската област загинало едно лице, а најмалку деветмина биле повредени.

Во пожарот во Мила биле уништени пет куќи и угостителски објект, додека една куќа била целосно разурната. Оштетени се и други станбени објекти, противпожарно возило и објект за сместување стари лица.

Случајот го истражува украинското обвинителство, кое треба да утврди и дали во комплексот биле складирани експлозивни материи со соодветни дозволи и според пропишаните безбедносни правила.

Нападите предизвикале штета и на други места во Киевската област. Пријавена е материјална штета на куќи, станбени згради, магацини и возила, а меѓу погодените објекти бил и центар на компанијата „Нова Пошта“.

Комплексот во Мила бил дополнително нападнат додека траела интервенцијата. Поради новите удари, спасувачките екипи морале привремено да се повлечат на побезбедно место.

Украинските служби ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до погодените подрачја додека траат спасувачките операции, поради можност од нови напади и дополнителни експлозии.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО