HomeГЛОБУСУКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАА ВОЕНА БАЗА ДЛАБОКО ВО РУСИЈА

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАА ВОЕНА БАЗА ДЛАБОКО ВО РУСИЈА

Украинските сили во текот на ноќта извршиле серија напади со беспилотни летала врз цели во повеќе руски региони, при што била погодена голема нафтена рафинерија во Ленинградската област, како и воена воздухопловна база во Краснодарскиот крај.

Еден од најзначајните инциденти бил регистриран во близина на градот Кириши, каде што се наоѓа рафинеријата „Кинеф“, една од поголемите нафтени постројки во Русија.

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, потврдил дека беспилотно летало паднало во близина на рафинеријата, по што избувнал пожар. Според неговите информации, противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила 62 дрона над регионот.

Во исто време биле пријавени експлозии во областа на градот Јејск во Краснодарскиот крај, каде што се наоѓа руска воздухопловна база. Локалните жители пријавиле повеќе силни детонации.

Информации за активност на украински дронови пристигнувале и од други руски региони. Во Смоленската област бил прогласен воздушен аларм поради опасност од нови напади, додека експлозии биле пријавени и во Брјанската област.

Засега нема независна потврда за тоа дали сите пријавени напади погодиле конкретни воени или стратешки цели. Не се познати ниту точните размери на евентуалната материјална штета.

Украина во последниот период сè почесто изведува напади со дронови врз цели на руска територија, особено врз објекти поврзани со енергетиката и руската воена инфраструктура.

Киев тврди дека ваквите операции имаат цел да ги намалат капацитетите на Русија за продолжување на воените активности.

Во истата ноќ биле пријавени напади и врз други локации, меѓу кои и Ростовската област. Украинската армија соопштила дека биле погодени и објекти поврзани со складирање и подготовка на борбени дронови на окупираните територии на Украина.

Руските власти засега не објавија целосни информации за последиците од сите ноќни напади.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО