Состојки:
- 1 кг свежи зрели смокви
- 2 литри вода
- 300–400 г шеќер
- сок од 1 лимон
- 1 ванилин шеќер – по желба
Подготовка:
- Смоквите добро измиј ги, отстрани ги дршките и исечи ги на половинки.
- Стави ги во тенџере со 2 литри вода и вари ги околу 20–30 минути на умерена температура.
- Тргни го тенџерето од шпорет и остави малку да се излади.
- Изблендирај ги смоквите за да добиеш мазна смеса.
- Врати ја смесата на шпорет, додај го шеќерот и вари уште 5–10 минути.
- Додај го сокот од лимон и, ако сакаш, ванилин шеќер.
- Ако сакаш побистар сок, процедувај низ ситна цедалка или газа. За погуст напиток, остави ја пулпата.
- Додека е жежок, сипај го сокот во добро стерилизирани стаклени шишиња и затвори ги.
Совет: За освежителен напиток, измешај го сокот со ладна вода и додај неколку коцки мраз. Одлично оди и со малку свежо исцеден лимон.

