HomeСПОРТСАБАЛЕНКА ПРЕДИЗВИКА ВНИМАНИЕ НА УС ОПЕН

САБАЛЕНКА ПРЕДИЗВИКА ВНИМАНИЕ НА УС ОПЕН

Најдоброрангираната тенисерка во светот, Арина Сабаленка, привлече големо внимание на УС Опен со необична модна комбинација која ја носеше пред мечот во мешани двојки со Новак Ѓоковиќ.

Белоруската тенисерка се појави во проѕирна портокалово-црна креација на „Најк“, инспирирана од кошаркарски дрес. Комбинацијата откриваше портокалов спортски градник и кратки панталони, а изгледот го надополнила со впечатлив накит.

Нејзината појава предизвика различни реакции кај навивачите, а дел од нив сметаа дека ваквата комбинација не е соодветна за настап на една од најдобрите тенисерки во светот.

Сабаленка, сепак, не се оптоварува со критиките.

„Кој се грижи што мислат луѓето? Мене ми се допаѓа“, изјавила таа на прес-конференцијата.

Комбинацијата е дел од овогодишниот концепт на „Најк“, според кој опремата на Сабаленка за секој гренд слем е инспирирана од градот и различни спортови. По сурфањето за Австралија Опен, балетот за Ролан Гарос и крикетот за Вимблдон, за Њујорк инспирацијата била кошарката.

Сабаленка, која е актуелна шампионка на УС Опен, се обидува да стигне до трета последователна титула на турнирот. Во второто коло во сингл конкуренција таа се соочува со Русинката Полина Ијатченко.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО