HomeМКДНЕЗАВИСНОСТА НЕ Е НА ИНСТИТУЦИИТЕ, ТУКУ НА ГРАЃАНИТЕ

НЕЗАВИСНОСТА НЕ Е НА ИНСТИТУЦИИТЕ, ТУКУ НА ГРАЃАНИТЕ

Одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија треба да биде прослава на сите граѓани, а не само протоколарен настан на институциите, порача Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Гостувајќи во емисијата „Тема на денот“ на Сител, Митева посочи дека Владата во текот на целиот месец организира низа активности со цел одбележувањето на годишнината да има пошироко значење и да остави трага во културниот и општествениот живот.

Таа најави дека централниот настан на 8 септември треба да биде кулминација на прославата и истакна дека зад организацијата стои голем број луѓе и тимови, со посебен фокус на безбедноста и непреченото одвивање на настанот.

Митева објасни дека се преземаат мерки за да се избегнат метежи и долги редици при влезот на Градскиот стадион, имајќи предвид дека се очекува голем број граѓани.

„Независноста не припаѓа на институциите, ниту на владата сама по себе, туку припаѓа на граѓаните“, порача Митева, додавајќи дека токму затоа прославата е замислена да биде поблиску до народот.

Според неа, целта не била годишнината да се одбележи само со свечена академија и протоколарни активности, туку преку настани низ целата држава да се создаде чувство дека станува збор за заеднички празник на сите граѓани.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО