HomeСПОРТПРАВИЛОТО ЗА СЛУЧАЈНА РАКА Е БЕСМИСЛЕНО

ПРАВИЛОТО ЗА СЛУЧАЈНА РАКА Е БЕСМИСЛЕНО

Правилото за играње со рака во фудбалот повторно се најде под лупа во Англија, откако Хауард Веб, првиот човек на англиската судиска организација, оцени дека сегашните прописи можат да доведат до нелогични ситуации.

Веб како пример ја посочи ситуацијата од натпреварот меѓу Ипсвич и Манчестер Јунајтед. Тогаш топката случајно го погоди Хари Мегваер во раката, по што неговиот удар беше блокиран од Џејкоб Гривс и заврши во сопствената мрежа.

Според актуелните правила, доколку играч постигне гол директно со рака или непосредно откако топката го погодила во раката, погодокот не може да биде признат, без оглед дали контактот бил намерен. Но, доколку по таквиот контакт со раката топката ја допре друг фудбалер пред да влезе во голот, ситуацијата се третира поинаку и се проценува дали играчот намерно играл со рака.

Токму оваа разлика, според Веб, создава апсурдни ситуации.

Тој смета дека судиите треба да имаат појасен критериум и во вакви случаи да проценуваат дали играчот намерно ја користел раката или со положбата на телото ја зголемил површината што ја брани.

Веб смета дека во случајот со Мегваер немало елементи за прекршок, бидејќи контактот бил случаен и раката не била поставена на начин со кој играчот намерно го зголемил обемот на телото.

Темата доаѓа во момент кога англиската судиска организација е под дополнителен притисок поради спорната одлука во дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

По победничкиот гол на Сити, ВАР-судијата Мет Донохју и неговиот помошник Блејк Антробус беа суспендирани откако беше утврдено дека при проверката не бил земен предвид влијанието на Енцо Фернандез, кој се наоѓал во недозволена позиција.

Полуавтоматската технологија покажала дека Ерлинг Халанд не бил во офсајд, по што одлуката за поништен гол била променета. Сепак, при проверката не било согледано дека Фернандез влијаел врз акцијата од офсајд-позиција.

Веб призна дека станува збор за сериозен пропуст и порача дека е важно ваквите грешки јавно да се признаваат.

Според него, Донохју при проверката се концентрирал само на позицијата на Халанд, бидејќи првичната одлука на теренот се однесувала на норвешкиот напаѓач. Тој не ја разгледал целосната ситуација и влијанието на Фернандез.

„Многу сум разочаран од исходот, како и сите останати, а особено самите судии“, порача Веб, додавајќи дека ваквите ситуации треба да бидат дополнително анализирани за да се намали можноста за повторување на слични грешки.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО