HomeСПОРТ„ТЕРААТ ДРУГ СПОРТ ОД СИТЕ ОСТАНАТИ“

„ТЕРААТ ДРУГ СПОРТ ОД СИТЕ ОСТАНАТИ“

Иако Атлетико Мадрид славеше против Реал Мадрид со 2:1 во градското дерби од седмото коло во Ла Лига, тренерот Диего Симеоне по натпреварот зборуваше со големи пофалби за Барселона и нејзиниот впечатлив почеток на сезоната.

Симеоне смета дека каталонскиот тим во моментов игра на поинакво ниво во однос на останатите екипи во шпанското првенство.

„Ми се чини дека Барселона игра некој друг спорт во споредба со сите нас. Немаше класична деветка, а потоа се појави Рафиња и постигна 12 гола во неколку натпревари. Јамал додаде уште седум“, изјави Симеоне за ESPN.

Тренерот на Атлетико дополнително го истакна начинот на кој Барселона го наметнува својот стил на игра.

„Те притискаат на твојот стадион и ти го одземаат времето, но истовремено не се плашат да преземат ризик и да примат гол. Во моментов тие се најдобри“, додаде Аргентинецот.

Барселона во изминатите две сезони убедливо стигна до шампионските титули во Ла Лига, а и оваа сезона ја започна одлично во обид да го одбрани трофејот.

Каталонците имаат максимален учинок по седум одиграни кола – седум победи и 21 освоен бод, со импресивна гол-разлика од 31:7.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО