HomeГЛОБУССАД СО НОВ ПРИТИСОК ВРЗ ИРАН

САД СО НОВ ПРИТИСОК ВРЗ ИРАН

Американскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека санкциите против Иран сериозно ги нарушиле неговите меѓународни воздушни врски, доведувајќи во прашање и како членовите на иранската делегација ќе се вратат дома по Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Бесент изјави дека американската операција „Economic Outcast“ создава силен притисок врз Техеран и дека меѓународниот авионски сообраќај од Иран е значително намален. Според него, прекинати или суспендирани се меѓу 80 и 90 отсто од летовите од Иран кон странство.

Американскиот министер испрати порака и до компании, банки и финансиски институции кои соработуваат со Иран. Тој предупреди дека Вашингтон ќе ги следи нивните активности и сметки доколку помагаат во одржувањето на иранската економија или заобиколувањето на санкциите.

Бесент американската стратегија ја опиша како комбинација од воен, поморски и финансиски притисок. Според него, целта е значително да се намалат финансиските ресурси со кои располага Техеран.

Тој додаде дека кампањата може да продолжи со недели или месеци. Како можни исходи ги наведе промени во рамките на иранското раководство, незадоволство и протести во земјата или постигнување договор со кој Иран би ги исполнил барањата на Вашингтон.

Бесент исто така се осврна на претходните обиди за постигнување договор меѓу двете земји, тврдејќи дека разговорите не дале резултат и дека ситуацијата дополнително се влошила.

Операцијата „Economic Outcast“ беше започната во август со цел дополнително економско изолирање на Иран. Американското Министерство за финансии во рамките на кампањата воведе мерки против компании, финансиски институции и други субјекти за кои тврди дека му помагаат на Техеран, а мерките опфатија и ирански авиокомпании и делови од финансиската и криптоинфраструктурата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО