Дани Олмо повторно се најде во центарот на вниманието на европските фудбалски гиганти, а меѓу клубовите кои сериозно размислуваат за негов ангажман е и Баерн Минхен. Каталонски „Спорт“ пишува дека германскиот шампион повторно го следи ситуацијата околу 28-годишниот шпански репрезентативец и размислува за конкретен потег уште во зимскиот преоден рок.
Интересот од Минхен не е нов. Баерн го следел Олмо уште додека тој настапуваше за Лајпциг, а неговите добри партии повторно го убедиле германскиот клуб дека би можел да биде сериозно засилување.
Тренерот Винсент Компани бара фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во офанзивниот дел и веднаш да донесе креативност во играта. Олмо токму поради својата разноврсност се вклопува во профилот што го бара Баерн.
БАРСЕЛОНА БИ РАЗГЛЕДАЛА ПОНУДА ОД 90 МИЛИОНИ ЕВРА
Иако во договорот на Олмо постои откупна клаузула од дури 500 милиони евра, каталонскиот клуб, според информациите на „Спорт“, би бил подготвен да разгледа понуда во висина од околу 90 милиони евра.
Тоа е значително повеќе од неговата проценета моментална пазарна вредност, која се движи околу 60 милиони евра.
Баерн ја разгледува можноста за започнување разговори со Барселона, особено поради неизвесноста околу иднината на дел од офанзивните играчи во тимот. Можно заминување на Џамал Мусиала би можело дополнително да ја забрза потрагата по нов креативец.
ОЛМО ГО САКААТ И КЛУБОВИ ОД ПРЕМИЕР ЛИГАТА
Баерн, сепак, не е единствениот клуб кој го следи шпанскиот репрезентативец.
Според истите информации, интерес за Олмо постои и од Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал. Во трката би можеле да се вклучат и клубови од Саудиска Арабија, кои наводно се подготвуваат да понудат значителни финансиски услови.
Засега нема официјална потврда дека некој од заинтересираните клубови испратил понуда до Барселона. Сепак, Баерн наводно сериозно ја разгледува можноста да го направи првиот конкретен чекор.
КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО БАРСЕЛОНА МОЖЕ ДА БИДЕ ВАЖЕН ФАКТОР
Олмо пристигна во Барселона во летото 2024 година и оттогаш има значајна улога во тимот. Според податоците наведени од „Спорт“, во досегашните 96 натпревари постигнал 20 гола и забележал 20 асистенции.
Сепак, неговата позиција во стартниот состав не е целосно загарантирана. За место во тимот конкурира и со Фермин Лопез, што може да биде еден од факторите доколку во иднина се отвори прашањето за неговата иднина на „Камп Ноу“.
Олмо, според информациите од Каталонија, во моментов нема намера да ја напушта Барселона. Но, доколку Баерн и останатите заинтересирани клубови достават сериозни понуди, ситуацијата може значително да се промени.
Шпанецот и понатаму е стандарден репрезентативец на својата земја и има освоено значајни трофеи, што дополнително го прави атрактивен за најголемите европски клубови.

