Украинскиот министер за внатрешни работи извести дека напаѓачот во Киев кој отвори оган врз цивили е елиминиран.Во моментов е потврдено дека загинале 5 лица. Десет лица во моментов се хоспитализирани со повреди и трауми.Украинскиот јавен обвинител соопшти дека стрелецот е 58-годишен родум од Москва. Украинските медиуми објавија дека тој добил украинско државјанство и претходно живеел во Бахмут,подоцна се преселил во киевскиот округ Холосивски.

