Жителите на дел од Карпош 4 утре ќе останат без вода поради градежни активности на водоводната мрежа. Прекинот ќе ги опфати корисниците на дел од улиците „Ванчо Мицков“ и „Демир Трајков“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причината е изведување водоводен приклучок со профил од 125 милиметри на улицата „Ванчо Мицков“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот наутро и ќе остане во прекин до завршувањето на работните активности.
Од претпријатието ги известуваат засегнатите корисници да го имаат предвид прекинот и навреме да обезбедат потребни количества вода.

