HomeТРЕНДДАЛИ КАФЕТО ВИ ГО НАРУШУВА СОНОТ

ДАЛИ КАФЕТО ВИ ГО НАРУШУВА СОНОТ

Кафето за многумина е неизоставен дел од секојдневието, но кофеинот, кој ни помага да останеме будни, може да влијае и врз квалитетот на сонот. Затоа често се поставува прашањето дали прекинувањето на пиењето кафе може да го подобри ноќниот одмор и дали е неопходно целосно да се откажеме од омилениот пијалак.

Престанувањето со пиење кафе може да го подобри сонот, особено кај луѓето кои пијат по неколку шолји дневно или консумираат кофеин во доцните попладневни часови. Нутриционистката Кортни Смит истакнува дека истражувањата покажуваат оти кофеинот може да го скрати вкупното времетраење на спиењето за околу 45 минути, да го отежне заспивањето и да го зголеми бројот на будења во текот на ноќта.

Сепак, неговото влијание зависи од количината, времето на консумирање и индивидуалната чувствителност, пишува „EatingWell“.

Целосното откажување од кафе не е неопходно

Д-р Саема Тахир објаснува дека најголемо подобрување можат да забележат луѓето кои побавно го разградуваат кофеинот или пијат кафе подоцна во текот на денот.

„Оние кои брзо го преработуваат кофеинот и пијат кафе само наутро можеби нема да забележат никаква разлика“, вели таа.

Таа додава дека наглото прекинување на пиењето кафе може да предизвика главоболка, замор и раздразливост, а симптомите можат да траат и до девет дена.

Сепак, целосното откажување од кафето не е неопходно. „Истражувањата укажуваат дека умереноста често е најдоброто решение“, истакнува Тахир.

Студија од 2023 година покажала дека кафето треба да се консумира најмалку девет часа пред спиење. Нутриционистката Лаванја Кетамукала советува во подоцнежните часови да се избираат помали порции или кафе без кофеин.

На квалитетот на сонот влијаат и други навики, како распоредот на спиење, изложеноста на светлина, физичката активност и консумирањето алкохол.

„Алкохолот може да помогне побрзо да заспиете, но исто така може да ја наруши структурата на сонот и да ја потисне РЕМ-фазата во подоцнежниот дел од ноќта“, предупредува Тахир.

Кетамукала заклучува дека многумина не мора целосно да се откажат од кафето. Често е доволно само да го приспособат времето и количината на консумирање за да го зачуваат уживањето во омилениот пијалак, а притоа да не му го нарушуваат ноќниот одмор.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО