HomeСПОРТАНГЛИЧАНИТЕ ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВААТ ГВАРДИОЛ ПО МЕЧОТ СО ПОРТО

АНГЛИЧАНИТЕ ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВААТ ГВАРДИОЛ ПО МЕЧОТ СО ПОРТО

Манчестер Сити со победа од 2:0 на гостувањето кај Порто ја започна својата европска кампања, но настапот на Јошко Гвардиол не остави добар впечаток кај англиските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец го започна натпреварот како лев бек, но на теренот остана само до почетокот на второто полувреме. Тренерот Енцо Мареска го замени во 48. минута, веднаш откако Сити го постигна првиот гол преку Ерлинг Халанд.

Гвардиол во 37. минута доби жолт картон поради прекршок над Вилијам Гомеш, а токму неговиот дуел со фудбалерот на Порто се најде во центарот на критиките. Англиските медиуми сметаат дека по добиената опомена постоел сериозен ризик Гвардиол да заработи и втор жолт картон, па затоа неговата рана замена била оправдана.

BBC му додели оценка 5, една од најниските во тимот на Сити. Во нивната анализа се посочува дека дефанзивецот по жолтиот картон играл на границата и ризикувал дополнителна санкција.

И Manchester Evening News му даде петка, оценувајќи дека бил солиден во офанзивниот дел, но имал проблеми во дуелите со Гомеш. Според медиумот, Порто дури се обидувал да го доведе до ситуација да биде исклучен.

Критики пристигнаа и од City Xtra, каде што Гвардиол исто така беше оценет со 5. Според нивната анализа, Порто во почетокот на натпреварот вршел силен притисок врз него, поради што неколкупати ја загубил топката.

Овој медиум оценува дека Гвардиол не успеал да одговори на високото темпо на Порто и дека неговата замена уште на стартот од вториот дел била логичен потег.

DAZN беше нешто поблаг кон хрватскиот фудбалер и му даде оценка 5,9, додека Livescore беше уште построг и неговиот настап го оцени со само 4.

Сепак, критиките кон Гвардиол не го засенија конечниот резултат за Манчестер Сити. Англискиот тим освои три важни бода, а Ерлинг Халанд беше стрелец на двата гола – првиот во 47. минута, а вториот во судиското продолжение.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО