HomeМКДДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

Жителите на повеќе делови од градот денеска треба да сметаат на привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, а дополнително се изведуваат и градежни работи кои може да влијаат врз одвивањето на сообраќајот.

Првиот прекин на електричната енергија е планиран од 08:30 до 12:30 часот. Во тој период без струја ќе бидат објектите на улиците „Цар Самоил“, „Охридска“, „Кузман Јосифовски“, „Кочо Десано“ и „Борка Левата“, како и околните објекти.

Вториот прекин е најавен од 09:01 до 15:01 часот и ќе го опфати Лавчански пат, како и улиците „150-та“, „160-та“, „170-та“ и „210-та“.

Од ЈКП „Водовод“ засега нема информација за планиран прекин во водоснабдувањето. Во тек е реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „150-та“, која претставува последна фаза од обновата на комплексот улици „150-та“, „170-та“ и „210-та“.

Во текот на денот продолжуваат и градежните активности на улиците „Дебарска“, „Христо Ботев“ и „Маркс и Енгелс“, поради што можна е отежната циркулација на возилата.

На граѓаните им се препорачува навреме да ги планираат патувањата, да возат со зголемено внимание во зоните каде што се изведуваат работи и, доколку имаат можност, да користат алтернативни сообраќајни правци.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО