Босна и Херцеговина оствари победа над Јужноафриканската Република во Дејвис купот, но мечот привлече внимание и поради необичен детал на дресот на Нерман Фатиќ.
На неговата опрема знамето на Босна и Херцеговина било поставено наопаку. Грешката лесно се забележала во споредба со дресот на неговиот репрезентативен колега Мирза Башиќ, каде што знамето било правилно поставено.
Засега нема информации како дошло до пропустот ниту кој е одговорен за грешката.
Сепак, тоа не влијаеше на резултатот. Репрезентацијата на БиХ по првиот ден водеше со 2:0, а конечната победа ја обезбедија Башиќ и Фатиќ во мечот во двојки, совладувајќи ја јужноафриканската комбинација со 6:4, 6:4.
Со триумфот од 3:0, БиХ ја потврди победата во Дејвис куп дуелот.

