Скопје и Силекс ги поделија бодовите во првиот денешен натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига, откако средбата заврши без голови – 0:0.
Кратовчани беа поактивниот противник и имаа поголема иницијатива, но не успеаја да ја претворат во погодок и да стигнат до третата последователна победа. Силекс во претходните две кола освои максимални шест бода, но овојпат мораше да се задоволи со реми.
Во тек се и преостанатите два натпревара од оваа рунда. Вардар на полувремето губи од Струга со 0:1, додека на дуелот меѓу Башкими и Арсими резултатот по првите 45 минути е 0:0.
Вчера беа одиграни две средби. Шкендија Арачиново и Тиквеш ремизираа 1:1, додека тетовска Шкендија славеше на гостувањето кај Брегалница со 2:1.
На врвот на табелата останува Шкендија од Тетово со 27 освоени бодови.

