Граѓаните на Скопје кои утрово забележаа авиони како прелетуваат над градот, не треба да се загрижуваат. Во текот на раните утрински часови денеска се спроведува авионска дезинсекција против комарци.
Акцијата е најавена од Град Скопје и е планирана за денеска, 19 септември, како и утре, 20 септември, на подрачјето на главниот град. Се третираат возрасни форми на комарци.
Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, прскањето ќе биде реализирано првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од Градот воедно упатуваат апел до пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.
Авионската дезинсекција е дел од активностите за намалување на бројот на комарци на територијата на Скопје.

