HomeМКДЗдравствоВО МОЈ ТЕРМИН ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАСНИТЕ ЗА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО

ВО МОЈ ТЕРМИН ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАСНИТЕ ЗА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО

Полнолетните граѓани од 1 октомври 2026 година ќе можат кај својот матичен лекар да се изјаснат дали по смртта сакаат да бидат дарители на органи и ткива. Новината ќе биде достапна преку системот „Мој термин“, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

Оваа можност доаѓа по усвојувањето на измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело, со кои се унапредува системот за органодарителство и трансплантација во државата.

Потпишаната изјава ќе биде електронски евидентирана, а пристап до податоците ќе имаат само овластени лица. Граѓаните во секое време ќе можат да ја променат својата одлука, при што важечка ќе биде последната внесена изјава.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, изјави дека законските измени имаат за цел да ја стават личната волја на граѓанинот во прв план и да го подобрат системот за трансплантација, кој досега често се соочувал со недостиг од согласност за дарување органи.

Од Министерството за здравство потенцираат дека органодарителството останува целосно доброволна одлука и никој нема да биде обврзан да даде согласност.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО