Марио Гила е нов дефанзивец на Милан, откако италијанскиот гигант го доведе од Лацио за 30 милиони евра.
25-годишниот стопер е роден во Барселона, а како тинејџер од Еспањол се преселил во Реал Мадрид. Таму настапувал за младинскиот и резервниот тим, а повремено тренирал и со првиот состав, но не добил шанса за официјален настап.
Во 2022 година Реал го продаде во Лацио за 21 милион евра. По четири сезони во Рим, Гила направи нов чекор во кариерата со трансферот во Милан.
Посебно внимание привлече неговата повторна средба со Лука Модриќ, со кого претходно бил во Реал Мадрид.
„Модриќ е посебен. Кога бев помлад, го гледав како пример и играч од кого може многу да се учи. Повторната средба со него во Милан е подарок од судбината“, изјави Гила.
Шпанскиот дефанзивец откри дека ужива во разговорите со Модриќ и неговите совети.
„Уживам да разговарам со него, да го запознавам и да ги слушам неговите совети. Сигурен сум дека ќе ми помогне многу да напредувам како фудбалер, но пред сè да го подобрам мојот менталитет“, додаде Гила.

