На 3 ноември 1954 година во Јапонија премиерно беше прикажан филмот „Гоџила“, кој ќе стане едно од највлијателните остварувања во историјата на научната фантастика. Приказната за огромното чудовиште, кое се појавува како последица на нуклеарните експерименти, била многу повеќе од обичен хорор-филм. Остварувањето носело и силна порака за стравот од атомското оружје и последиците од нуклеарното уништување. Успехот на филмот создаде цела филмска франшиза.
ГОЏИЛА“ ЗА ПРВПАТ СЕ ПОЈАВИ НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО ВО 1954 ГОДИНА
ИЗБОР

