На 13 септември 2013 година, во Скопје трагично завршил животот на 56-годишен градежен работник од Штип. Тој паднал од скеле при изведување градежни работи на објект на улицата „Скупи“. И покрај обидот колегите веднаш да го однесат во болница, починал на пат кон здравствената установа.

