Во Јаванското Море продолжува голема спасувачка операција по несреќата на индонезискиот патнички траект „Virgo Transport 8“. Од бродот досега се спасени 102 лица, додека едно лице е пронајдено мртво.
Траектот превезувал вкупно 243 лица на редовната линија од Сурабаја кон Бањармасин кога, поради лошите временски услови, бил изгубен контактот со пловилото.
Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 2 часот по локално време, на околу 150 километри од крајната дестинација.
Во потрагата се вклучени спасувачки бродови и хеликоптер, а останатите пловила во областа се повикани да помогнат со информации за евентуално забележани преживеани.
Според досегашните податоци, повеќе од 100 лица сè уште се водат како исчезнати, а спасувачките екипи продолжуваат со пребарувањето на морето.

