Александар Зверев продолжува со сигурни настапи во Њујорк и се пласираше во четвртфиналето на УС Опен.
Германецот го совлада Италијанецот Лучано Дардери со 6:2, 6:2, 7:6 и со тоа ја продолжи одличната серија на последниот гренд слем во сезоната.
Зверев покажа доминација во првите два сета, додека во третиот Дардери успеа да пружи поголем отпор. Сепак, германскиот тенисер остана смирен во завршницата и го реши мечот во тај-брејк.
Во четвртфиналето го очекува дуел со Ботик ван де Зандшулп.

