HomeМКДИЗГОРЕА НАД 20 ДУЌАНИ

ИЗГОРЕА НАД 20 ДУЌАНИ

Голем пожар избувна рано утрово во трговски објект на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, при што се опожарени повеќе од 20 дуќани. Во инцидентот нема повредени, но причинета е значителна материјална штета.

Огнот избувнал околу 3:20 часот, а според информациите на надлежните, сите опожарени дуќани биле во сопственост на едно лице и биле издадени под закуп.

Во интервенцијата учествувале 15 пожарникари со шест противпожарни возила. Екипите започнале со гаснење во 3:31 часот, а пожарот бил ставен под контрола по повеќе од три часа, околу 6:45 часот.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Од МВР најавија дека ќе биде извршен увид на местото и ќе се преземат дополнителни мерки за утврдување на причините и расчистување на случајот.

Интензитетот на пожарот предизвикал голема штета во трговскиот објект, а надлежните служби продолжуваат со постапките за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО