Инвитро постапката во земјава е значително олеснета, а времето за одобрување е скратено од неколку месеци на само две недели, истакна Влатко Ѓорчев во гостување на „Наткаст“.
Тој посочи дека од воведувањето на бесплатната инвитро програма во 2008 година до денес, според податоците што ги изнесе, се родиле околу 15.000 деца.
Дополнително, бројот на бесплатни обиди е зголемен од три на шест постапки, што, според Ѓорчев, треба да им даде поголема можност на семејствата кои имаат потреба од оваа медицинска процедура.
„Нека се родат повеќе деца, нека повеќе луѓе се остварат како родители“, порача Ѓорчев, истакнувајќи дека целта е постапката да биде побрза и подостапна за семејствата.

