HomeМКДИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТОШКОВСКИ

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТОШКОВСКИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска повторно ќе се соочи со пратениците,собраниска седница на дневен ред е интерпелацијата за неговата работа, поднесена од Левица.

Опозициската партија обвинува за селективно постапување, непрофесионално работење и пропусти во раководењето со МВР, додека Тошковски ги отфрла наводите и оценува дека станува збор за политички мотивирана иницијатива насочена кон попречување на борбата против криминалот и корупцијата.

Ова е трета интерпелација за Тошковски во изминатите две години и втора иницирана од Левица. Иако евентуалното усвојување нема автоматски да значи негова смена, расправата се очекува да отвори поширока политичка дебата за работата на МВР и безбедносниот систем.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО