HomeМКДЗдравствоКЛЕКОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА

КЛЕКОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА

Здравствените власти во Македонија предупредуваат на зголемен ризик од појава на морбили, откако во соседните Косово и Бугарија се бележи пораст на бројот на заболени.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска упати апел до родителите да го проверат вакциналниот статус на своите деца и навреме да ги примат пропуштените дози од МРП вакцината, која штити од морбили, рубеола и заушки.

Причина за загриженост е нискиот опфат со првата доза. Според податоците презентирани од здравствените власти, во земјава тој изнесува околу 62 проценти, што е значително под нивото од 95 проценти кое се смета за потребно за висока колективна заштита.

Клековски најави дека во наредниот период ќе се преземат дополнителни активности со цел да се зголеми бројот на вакцинирани деца и да се намали можноста за ширење на инфекцијата.

Проблемот, според податоците за имунизацијата во 2025 година, не се однесува само на МРП вакцината. Ниту една од вакцините од редовниот календар за првата доза не го достигнала посакуваниот опфат од 95 проценти.

Кај втората доза на МРП состојбата е нешто подобра и опфатот е околу 85 проценти, но и овој резултат останува под посакуваното ниво.

Зголемениот број случаи во регионот дополнително ја зголемува потребата од навремена заштита, особено пред почетокот на учебната година, кога голем број деца повторно се враќаат во училишните и градинските колективи.

Од здравствените власти апелираат родителите да се информираат кај матичниот лекар или надлежната здравствена служба доколку нивното дете има пропуштена вакцина, наместо да се одложува имунизацијата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО