HomeМКДЛАФЧИСКИ НА НАТОВ КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КОПЕНХАГЕН

ЛАФЧИСКИ НА НАТОВ КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КОПЕНХАГЕН

Актуелната безбедносна состојба и стратешките прашања важни за Алијансата се меѓу главните теми на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови, која се одржува во Копенхаген.

На средбата учествува и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој присуствува на конференцијата денеска и утре.

Со собирот претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне. Меѓу учесниците се и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.

Началниците на генералштабовите на земјите членки разменуваат мислења за безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата, како и за прашања од стратешко значење за нејзиното функционирање.

Во рамки на разговорите посебно внимание се посветува и на спроведувањето на заклучоците донесени на Самитот на НАТО во Анкара.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови редовно заседава двапати годишно во седиштето на Алијансата во Брисел. Дополнително, еднаш годишно конференцијата се организира во една од земјите членки, а годинава домаќин е Данска.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО