HomeСПОРТЛЕСТЕР БО МЕКЕЈЛЕБ ВО ТОП 25 НА АБА ЛИГАТА

ЛЕСТЕР БО МЕКЕЈЛЕБ ВО ТОП 25 НА АБА ЛИГАТА

АБА-лигата одбележува четврт век постоење, а по тој повод беа избрани 25-те најдобри кошаркари во историјата на регионалното натпреварување. Во изборот учествуваа и навивачите.

Македонската кошарка има само еден претставник на престижната листа – Лестер Бо Мекејлеб, кој остави силен впечаток во периодот кога настапуваше во регионалното натпреварување.

Сепак, изборот отвори и едно интересно прашање. На листата го нема Тодор Гечевски, иако искусниот македонски центар има седум сезони во АБА-лигата – пет во дресот на Задар и две со МЗТ Скопје Аеродром.

Гечевски зад себе остави значајни бројки во повеќе статистички категории, но тоа не беше доволно за место меѓу 25-те најдобри кошаркари во 25-годишната историја на лигата.

Покрај Мекејлеб, на листата се најдоа и големи имиња како Никола Јокиќ, Дејан Милојевиќ, Богдан Богдановиќ, Никола Пековиќ, Дарио Шариќ, Горан Драгиќ, Никола Вучевиќ, Јан Весели, Јака Лаковиќ, Милош Теодосиќ, Бојан Богдановиќ, Никола Калиниќ, Василје Мициќ, Лука Божиќ, Анте Томиќ и Факундо Кампацо.

Меѓу останатите избрани се и Душан Кецман, Игор Ракочевиќ, Немања Гордиќ, Крунислав Симон, Марко Поповиќ, Немања Бјелица и Чарлс Џенкинс.

Изборот повторно покажа колку големи имиња минале низ АБА-лигата во изминатите 25 години, но и предизвика реакции поради изоставувањето на дел од кошаркарите кои оставиле сериозна трага во натпреварувањето.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО