Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон, откако успешно ги мина квалификациите и обезбеди историски пласман на најпрестижниот гренд слем турнир.
Во решавачкиот квалификациски меч, Ѓорческа одигра сигурно и заслужено стигна до победа, со што за првпат во кариерата ќе биде дел од главниот жреб во Лондон.
Овој резултат претставува еден од најголемите успеси во македонскиот женски тенис. Освен што ќе има можност да се натпреварува против најдобрите светски тенисерки, настапот на Вимблдон ќе ѝ донесе и значајни бодови на ВТА-листата, како и дополнителна афирмација на меѓународната сцена.
Жрепката за првото коло ќе покаже против кого ќе игра македонската тенисерка во својот дебитантски настап на тревните терени на Вимблдон, каде ќе се обиде да го продолжи историскиот успех за македонскиот тенис.

