HomeСПОРТМИОВСКИ ВО 91. МИНУТА ГО СПАСИ РЕНЏЕРС

МИОВСКИ ВО 91. МИНУТА ГО СПАСИ РЕНЏЕРС

Бојан Миовски се претвори во херој на Ренџерс, откако со гол во судиското продолжение му донесе победа од 1:0 против Сент Мирен во шкотската Премиер лига.

Македонскиот напаѓач влезе во игра во 78. минута, а само тринаесет минути подоцна го реши натпреварот. По асистенцијата од Рајан Надери, Миовски одлично реагираше и со прецизен удар го лобуваше голманот Џејкоб Чепмен за голема радост на трибините на „Ајброкс“.

Ренџерс во текот на натпреварот имаше повеќе од играта и создаде неколку шанси, но гостинскиот голман долго време ја чуваше својата мрежа. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, Миовски го постигна решавачкиот погодок.

За Ренџерс ова беше четврта последователна победа во првенството, а тимот со трите освоени бода се искачи на второто место на табелата.

Тренерот Дерек Мекинс по натпреварот го пофали Миовски, нагласувајќи го неговиот професионален однос и важноста на голот во клучен момент.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО