HomeМКДМИЦКОСКИ ВО САД СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

МИЦКОСКИ ВО САД СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Енергетските проекти, критичните минерали и развојот на дигиталната инфраструктура се меѓу главните теми на кои македонската владина делегација се фокусираше за време на посетата на САД.

Во разговорите со американски институции биле разгледувани можности за поддршка на проектите „Чебрен“ и „Галиште“, како и за развој на гасоводната инфраструктура. Владата овие проекти ги гледа како можност за привлекување дополнителен капитал и зајакнување на енергетскиот сектор.

На агендата бил и проектот за антимон кај Крива Паланка, кој е поврзан со критичните минерали. За развојната фаза на проектот е предвиден грант од 5 милиони долари од ДФЦ.

Разговори се воделе и за можни инвестиции во дата-центри и високи технологии, како и за транспортната и стратешката инфраструктура. Владата настојува овие области да ги поврзе со привлекување нови инвестиции и развој на домашната економија.

Безбедноста и одбраната исто така беа дел од агендата, со акцент на соработката со САД во рамки на НАТО, сајбер-безбедноста и модернизацијата на одбранбените капацитети.

Политичкиот дијалог продолжи и во Њујорк со средбата на Мицкоски со американскиот државен секретар Марко Рубио. Според премиерот, средбата била потврда на стратешкото партнерство и континуираната комуникација меѓу двете земји.

Следниот чекор ќе биде најавените разговори и интереси да се претворат во конкретни договори, инвестиции и реализирани проекти.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО