HomeМКДЕкономијаМЛАДИТЕ ИНЖЕНЕРИ ПОКАЖАА ШТО МОЖЕ МАКЕДОНИЈА: ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ БОЛИД НА MES RACING

МЛАДИТЕ ИНЖЕНЕРИ ПОКАЖАА ШТО МОЖЕ МАКЕДОНИЈА: ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ БОЛИД НА MES RACING

Младите македонски инженери со нов проект уште еднаш покажаа дека знаењето, креативноста и посветеноста можат да создадат сериозни технички решенија. На Машинскиот факултет денеска беше претставен новиот болид на студентскиот тим MES Racing.

Настанот го проследи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која ја истакна важноста од вложувањето во младите и во развојот на техничките науки.

Зад новиот болид стои тим од студенти кои во изминатиот период работеа на неговиот развој, конструкција и тестирање, стекнувајќи практично искуство кое може да биде значајно за нивниот понатамошен професионален развој.

Од Министерството порачаа дека ваквите студентски иницијативи заслужуваат поддршка, бидејќи токму младите инженери претставуваат важен потенцијал за идниот развој на македонската индустрија, економија и енергетскиот сектор.

За поддршката на проектот, на министерката Божиновска ѝ беше доделена благодарница од тимот MES Racing.

Претставувањето на болидот е уште еден пример дека студентите можат своето знаење од факултетските клупи да го претворат во конкретен проект, со кој ќе стекнуваат искуство и ќе се подготвуваат за предизвиците што ги носи инженерската професија.

Поддршката на младите и развојот на техничките знаења остануваат меѓу клучните предуслови за создавање генерации кои ќе имаат капацитет да развиваат нови идеи, технологии и решенија во Македонија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО