HomeГЛОБУСНАЈМАЛКУ 14 ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА СКЛАДИШТЕ СО ОРУЖЈЕ ВО СИРИЈА

НАЈМАЛКУ 14 ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА СКЛАДИШТЕ СО ОРУЖЈЕ ВО СИРИЈА

Најмалку 14 лица го загубиле животот, а уште 11 се повредени во силна експлозија што одекнала во складиште со оружје и муниција во северозападниот дел на Сирија.

Несреќата се случила во близина на градот Сармада, во провинцијата Идлиб. Локалните власти предупредиле дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на местото.

Според сириското Министерство за одбрана, експлодирало привремено складиште каде што било собрано оружје оставено од војната. Планот бил оружјето да биде преместено на други локации.

Од Министерството соопштиле дека меѓу повредените има и неколку нивни припадници. Надлежните служби го обезбедуваат подрачјето и работат на утврдување на причините за експлозијата.

Медицинските извори од Сармада првично известиле за осум повредени лица, но подоцна бројката се зголемила на 11.

Екипи на итната помош и спасувачките служби се на терен и ги пребаруваат урнатините, додека се проценува материјалната штета предизвикана од силната детонација.

Ова не е прв ваков инцидент во регионот. Само неколку дена претходно експлозија во складиште со оружје била регистрирана и во градот Биниш, исто така во провинцијата Идлиб.

Во Идлиб и соседната провинција Алеп во изминатите години се регистрирани повеќе слични случаи. Присуството на големи количества оружје и муниција што останале по долгогодишниот конфликт претставува сериозна опасност, особено за цивилното население кое живее во близина на ваквите објекти.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО