HomeМКДНЕМА НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ БЕЗ ЕКОНОМСКА И СОЦИЈАЛНА СЛОБОДА

НЕМА НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ БЕЗ ЕКОНОМСКА И СОЦИЈАЛНА СЛОБОДА

Левица порачува дека македонската револуционерна традиција не може да се разбере само низ борбата за национална независност, туку и низ стремежот за општество без експлоатација, сиромаштија и привилегии. Во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба, партијата ја истакнува поврзаноста меѓу националниот суверенитет и економската слобода на граѓаните.

Од Левица ги посочуваат Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов и Димитар Влахов како личности што ја симболизираат револуционерната струја која се спротивставувала на врховизмот и на потчинувањето на македонското движење на интересите на соседните држави.

Особено внимание му посветуваат на Јане Сандански, кого го опишуваат како еден од најдоследните противници на врховизмот и на влијанието на бугарските државни интереси врз македонското револуционерно движење. Во партиското обраќање се наведува и неговата порака дека оние што доаѓаат да ослободуваат можат подоцна да станат нови угнетувачи.

Левица го споменува и Ѓорче Петров како еден од идеолозите на Организацијата, кој се спротивставувал на нејзиното потчинување на интересите на соседните држави. Партијата оценува дека историското наследство на овие револуционери подразбира борба за држава што ќе биде независна, но и за општество во кое работниците и граѓаните ќе имаат достоинствени услови за живот.

Во пораката се нагласува дека политичката независност не е доволна доколку економската моќ и богатството останат концентрирани кај мал број луѓе. Според Левица, вистинскиот суверенитет подразбира и ослободување од економската зависност и класните привилегии.

Осврнувајќи се на актуелните состојби, партијата тврди дека македонската држава е под влијание на олигархиски структури и странски капитал. Левица порачува дека ќе продолжи да се залага за Македонија која, покрај национална независност, ќе обезбеди и економска и социјална слобода за своите граѓани.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО