HomeМКДНОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА

Вечерва од 20 часот се очекува клучна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која треба да бидат финализирани кадровските решенија за најавената реконструкција на Владата. По завршувањето на состанокот се очекува и официјално соопштение за новиот владин состав.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека со коалициските партнери ВЛЕН и ЗНАМ е постигнат начелен договор за распределба на ресорите, но дека персоналните имиња ќе бидат објавени дури по завршување на партиските процедури.

„Принципиелно имаме договор околу ресорите, но не сме разговарале за конкретни имиња. По седницата на Извршниот комитет јавноста ќе биде информирана“, изјави Мицкоски.

Според информации од повеќе извори, се очекува значајна прераспределба на неколку министерски позиции и институции.

Како дел од најавените промени, актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински се споменува како иден директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), додека на негово место би можел да дојде Иван Стоиљковиќ, досегашен министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во здравствениот ресор, актуелниот директор на ФЗО Сашо Клековски се споменува како можен нов министер за здравство.

Промени се очекуваат и во ресорот образование, каде заменик-министерот Ѓоко Велковски би можел да биде нов министер за образование.

И покрај претходните шпекулации за негово евентуално учество во реконструкцијата, Борко Ристовски останува на функцијата министер за спорт.

Сите кадровски решенија, според најавите, ќе бидат потврдени по завршувањето на седницата на Извршниот комитет, по што се очекува јавноста да биде официјално информирана за новиот владин состав.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО