HomeСПОРТНОВ ИМИЏ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

НОВ ИМИЏ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Кристијано Роналдо во издание какво што досега не сме го виделе. Португалската фудбалска ѕвезда реши да го промени својот имиџ, а неговиот нов изглед привлече огромно внимание.

Роналдо се појави на тренингот на Ал Наср со досега невидена фризура, поради која многумина веднаш го споредија со Пол Сколс, неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, кој беше препознатлив по кратката црвенкаста коса.

Со новиот имиџ, Роналдо под водство на новиот тренер Анж Постекоглу започнува нов предизвик – обид да стигне до магичната граница од 1.000 голови во професионалната кариера.

Португалецот моментално е на бројката од 976 голови постигнати за клубовите и репрезентацијата, што значи дека му недостигаат уште 24 погодоци до историската граница.

Промената на изгледот доаѓа само неколку дена откако во јавноста се појавија информации дека Роналдо и Џорџина Родригез наводно стапиле во брак.

По десет години врска и пет деца, според информациите што се појавија во јавноста, парот наводно си кажал „да“ на приватна и интимна граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија.

На свадбата ѝ претходеше вистинска забуна која ги доведе во заблуда светските медиуми и илјадници фанови. Голем број луѓе се собраа пред катедралата во Фуншал, на Мадеира, убедени дека токму таму Роналдо и Џорџина ќе ги разменат брачните завети. Сепак, набрзо се покажало дека станувало збор за венчавка на друг пар.

Роналдо претходно зборуваше и за моментот кога одлучил да ја запроси својата долгогодишна партнерка.

„Еден пријател ми даде прстен, а во тој момент влегоа моите ќерки и рекоа: ‘Тато, ќе ѝ го дадеш прстенот на мама и ќе ја прашаш дали ќе се омажи за тебе.’ Тоа беше прекрасен и искрен момент. Не паднав на колена, не сум премногу романтичен тип кој носи цвеќе секоја недела, но знаев дека таа е жената на мојот живот“, раскажал Португалецот.

Кога станува збор за вереничкиот прстен, Роналдо очигледно не штедел. Според проценките на експерти за накит, големиот дијамантски прстен на раката на Џорџина вреди околу 1,5 милиони фунти.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО