HomeГЛОБУСОБАМА ПРЕДУПРЕДУВА

ОБАМА ПРЕДУПРЕДУВА

Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика демократите итно да подготват јасна политика за вештачката интелигенција, предупредувајќи дека технологијата може да стане опасна доколку не биде соодветно контролирана.

На приватен донаторски собир во Њујорк, Обама му порачал на лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, дека партијата мора да подготви конкретна рамка за регулирање на вештачката интелигенција, особено доколку по изборите ја преземе контролата врз Конгресот.

Обама смета дека и кандидатите за претседателските избори во 2028 година треба да имаат јасен план за справување со безбедносните и економските последици од развојот на АИ. Според него, технологијата може да донесе големи придобивки, вклучително и побрзо развивање лекови и напредок во медицината и чистата енергија, но само доколку нејзиниот развој се стави под контрола.

Предупредувањата доаѓаат во период на сè поголема загриженост околу брзиот развој на АИ. Дел од експертите и директорите на водечки технолошки компании веќе бараат забавување на развојот и воведување построги безбедносни правила.

За разлика од Обама, американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека нема сериозна загриженост поради ризиците од вештачката интелигенција и дека негов приоритет е САД да не заостанат зад Кина во оваа технологија.

Обама истакнал и дека политичарите мора да се подготват за можните економски последици, особено ако автоматизацијата доведе до масовно губење работни места. Според него, прашањето веќе не е дали АИ ќе го промени општеството, туку како политиката ќе одговори на тие промени.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО