Од полноќ стапуваат во сила новите цени на горивата, кои ќе донесат дополнителен трошок за возачите. Најголемата промена е кај бензините, чија цена се зголемува за два денара по литар, додека дизелот поскапува за еден денар.
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од 3 ноември на бензинските пумпи ќе важат следните максимални цени:
- Еуросупер БС-95 – 93 денари за литар
- Еуросупер БС-98 – 95 денари за литар
- Еуродизел БС – 100 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство – 110 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 55,573 денари за килограм
Со оваа корекција, дизелот достигнува цена од 100 денари за литар, а бензините бележат поголемо поскапување во однос на претходните цени. Кај екстра лесното масло за домаќинство нема промена, додека мазутот поскапува.
Новите цени се применуваат од 00:01 часот, а утврдените износи претставуваат максимални малопродажни цени.

