Огромна риба-зајак доаѓа речиси до брегот, додека туристите се обидуваат да ја допрат, не сфаќајќи дека таквата љубопитност може скапо да ги чини. Еден човек речиси изгуби прст, се вели во видеото. Нови предупредувања пристигнуваат од Грција во екот на туристичката сезона.
Фејсбук групата Nikana.gr наведува дека грчката влада планира мерки за спречување на ширењето на овој вид риба што стигна до Медитеранот поради климатските промени – се наведува во соопштението кое предизвика бројни реакции кај туристите.

