HomeМКДЕкономијаОПШТИНА ВИНИЦА ПРЕТСТАВИ НИЗА РЕАЛИЗИРАНИ И ЗАПОЧНАТИ ПРОЕКТИ

ОПШТИНА ВИНИЦА ПРЕТСТАВИ НИЗА РЕАЛИЗИРАНИ И ЗАПОЧНАТИ ПРОЕКТИ

Меѓу позначајните зафати е реконструкцијата на повеќе улици во Виница, меѓу кои „Пролетерска“, „Ѓорче Петров“, „Кочо Рацин“ и „Раде Кратовче“ – блок 8. За овој проект биле обезбедени 12,2 милиони денари преку Министерството за транспорт.

Инвестиции имало и во водоводната и канализациската мрежа. Заедно со целосната реконструкција на улицата „Ванчо Прке“, која претставува важна сообраќајна врска кон Градец, биле вложени 11,5 милиони денари со средства од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт.

Со дополнителни 24 милиони денари била реконструирана улицата „Страшо Пинџур“, заедно со паркинг-просторот, а биле изградени и улици во селата Црн Камен и Јакимово. Проектот бил финансиран преку Министерството за транспорт со средства од заем од Светската банка.

Во Јакимово, Градец и Блатец биле реализирани улични зафати вредни 12,5 милиони денари, додека за поплочување улици и паркинг-простори во Истибања, Градец и Виница биле издвоени 5,7 милиони денари од општинскиот буџет.

Посебно место меѓу капиталните инвестиции има реконструкцијата на локалниот пат Блатец–Детлово. Станува збор за делница долга 2,5 километри, во која биле вложени 25,5 милиони денари, со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и учество на Општина Виница.

Во градот биле реализирани и активности за подобрување на постојната патна инфраструктура. За санација на ударни дупки и рехабилитација на улици биле потрошени 1,5 милиони денари, а уште четири милиони денари биле издвоени за експропријација, пробивање и тампонирање на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“.

Во Истибања е завршена и регулацијата на Кајанечки Дол на траса од околу 870 метри. Во рамките на проектот биле изградени два патнички и три пешачки моста, а вкупната инвестиција изнесува 19,5 милиони денари.

Значајни средства биле вложени и во јавните објекти. Завршен е затворениот градски пазар, проект за кој Општина Виница од својот буџет одвоила 24 милиони денари. За дополнително уредување на просторот околу пазарот биле обезбедени уште 8,5 милиони денари.

Во административната зграда на Општината бил реконструиран кровот, а во „Сината сала“ на Домот на културата „Тошо Арсов“ биле поставени инвертер-клими. Вкупната вредност на овие активности е шест милиони денари.

Исто толкав износ бил вложен во реконструкција на азбестниот кров и замена на плафоните во ООУ „Никола Парапунов“ во Драгобраште, со средства обезбедени преку Министерството за образование и наука.

Во насока на подобрување на јавното осветлување и енергетската ефикасност, во градскиот парк и на паркингот пред стадионот било поставено сензорно осветлување вредно 2,8 милиони денари. Притоа биле заменети и 300 стари светилки со ЛЕД-осветлување.

На плоштадот „Ангел Винички“ граѓаните добиле и бесплатен Wi-Fi, како дел од проект поддржан од Европската Унија и Владата на Германија.

Покрај инфраструктурните вложувања, Општина Виница во изминатиот период вовела и мерки за директна финансиска поддршка на семејствата. За секое новороденче се обезбедуваат по 6.000 денари, додека помошта за првачињата е зголемена од 3.000 на 5.000 денари. Зголемени се и наградите за учениците и нивните ментори кои постигнуваат резултати на државни натпревари.

Од Општина Виница најавуваат дека инвестициите во локалната инфраструктура и јавните услуги ќе продолжат и во следниот период, со реализација на нови проекти преку општински, државни и меѓународни извори на финансирање.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО