HomeГЛОБУСОТКРИЕНА ТАЈНА ВОЕНА СОРАБОТКА

ОТКРИЕНА ТАЈНА ВОЕНА СОРАБОТКА

Русија наводно ѝ помага на Иран во развојот на напредни надзвучни крстосувачки ракети, открива истрага на „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на интерна кореспонденција, податоци за патувања и руски воени патенти.

Според извештајот, соработката трае од 2023 година и се одвива во рамките на таен проект со кодно име C430L. Во него руски експерти наводно му помагаат на Иран во развојот на млазен погон за крстосувачки ракети.

Особено внимание предизвикува можноста ваквата технологија да се искористи за противбродско оружје. Надзвучните ракети летаат со исклучително голема брзина, а летот на мала височина може значително да го намали времето за реакција на противвоздушната одбрана.

Документите до кои дошол „Фајненшл тајмс“ наводно покажуваат дека руски инженери патувале во Иран и ги анализирале податоците од ирански тестирања. Сепак, засега нема потврда дека проектил развиен со руска помош веќе е оперативен.

Соработката, според извештајот, продолжила и во 2026 година. Москва и Техеран наводно разговарале за следната фаза од проектот и за дополнителна техничка помош.

Експертите предупредуваат дека успешното завршување на програмата би можело значително да ги зголеми иранските способности за развој на современо ракетно оружје и да претставува дополнителен ризик за американските и сојузничките воени сили во регионот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО